Руска компанија воведува софтвер за читање на емоции

0
378

Технологијата за читање на емоции наскоро би можела да се користи од страна на полицијата откако руската компанија „NTechLab“ креираше софтвер кој може да идентификува лица во маса луѓе и да покаже дали се лути, под стрес или нервозни.

Софтверот е креиран така да може да открие сомнително однесување преку откривање на идентитетот, возраста, полот и моменталната емотивна состојба. Според креаторите софтверот може да се користи како превенција во спречување на криминалот и потенцијалните терористи.

До сега, софтверот им помогнал на полицајците да решат два случаи и да идентификуваат криминалци. Според компанијата која ја создала алатката, сигурноста на идентификувањето се проценува на 94 проценти. Од таму исто така, велат дека не гледаат нарушување на приватноста преку софтверот, со оглед на тоа дека во јавноста насекаде има поставено камери и дека тој ќе се користи за позитивни цели.

 

Коментирај