Русјаков: Не бидете лајномакедонци – Македонскиот народ нема да дозволи холокауст врз себе

0
875

Македонскиот народ нема да дозволи холокауст врз себе, нема да станеме новите Евреи, среде гасните комори на идентитетскиот геноцид. Македонците во светот веќе го кренаа својот глас, секојдневно организираат протести, дејствуваат по светските институции. Тука, апатичноста и стравот полека ги напуштаат луѓето, пишува Русјаков во својата колумна со наслов „Ќе се борам името да ни остане Република Македонија, какво што на ЕУ и НАТО не им одговара“ објавена во „Нова Македонија“, која ја пренесуваме интегрално.

Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и десетици други поддржувачи на движењето „За заедничка Македонија“, кои се во истражен затвор, како и Игор Дурловски, кој е преместен во домашен притвор, се жртви на политичко-полициски прогон само затоа што го бранеа уставниот поредок, кој на 27 април 2017 година брутално беше прекршен од страна на пратениците на СДСМ и ДУИ, за што еден ден ќе одговараат пред институциите на Република Македонија. Како што одминува времето во кое владее октроираната влада на Зоран Заев, така ни станува сосема јасно зошто овие наши патриоти, уметници и јавни личности се ставени на политичка затворска тортура. Причините се веќе сосема јасни, затоа што јавноста добро знае дека обвинетите не само што не се виновни за ништо туку, обратно, оние што сторија криминал против државата, тие се нивните џелати. Затворањето на луѓето од „За заедничка Македонија“ требаше да предизвика страв и апатија кај секого што не се согласува со погубните антимакедонски потези на владината коалиција. А вакви политики на велепредавства се случија дузина и за краток период. Асиметричниот договор со Бугарија, преку кој ние се откажуваме од македонското малцинство таму, но и сами се условивме да ја усогласуваме историјата. Новиот закон за двојазичност, кој директно имплицира федерализација и поделба на Македонија. И, секако, погубните разговори за името/идентитетот, преку кои се погазија сите основни човекови права, а се заговара идентитетски холокауст врз нас Македонците.

Последен во низата срамови што постојано ни ги приредува премиерот е оној во Турција. Премиерот на Турција, рамо до рамо застанат со нашиот, изјави дека секој народ го има основното човеково право сам да си го избере своето име, вклучувајќи го и македонскиот. И што одговори на ова Зоран Заев? Мртов ладен се заблагодари што Турција ја поддржува Република Македонија во наоѓање заедничко решение за името со Грците. Каде ли само го слушна тоа побогу? Но срамот не завршува тука. Неколку часа подоцна чувме дека владава ни била подготвена да смени име какво што ќе им одговарало на ЕУ и НАТО. Пропаднав в земја. Сум ги живеел Глигоров, Црвенковски, Георгиевски, Трајковски, Бучковски и Груевски, ама ваков срам и понижување на сопствената држава и народ немам доживеано. Никој не си поиграл вака со честа на Македонците. Како оној што ги изговара овие срамни будалаштини да има намера по секоја цена да се впише во списокот по Коте од Руља, Симеон Радев, Ванчо Михајлов и Мане Мачков. Ете зошто, оние чиј глас вреди, во кого македонскиот народ виде сила и љубов кон Македонија, сега лежат неправедно обвинети. Затоа што замислениот геноцид врз нас веќе е започнат. За да замолкне гласот на оние што не сакаат да дозволат наше идентитетско обезличување. Но се прелажаа. Гадно се излажаа во пресметките. Македонскиот народ нема да дозволи холокауст врз себе, нема да станеме новите Евреи, среде гасните комори на идентитетскиот геноцид. Македонците во светот веќе го кренаа својот глас, секојдневно организираат протести, дејствуваат по светските институции. Тука, апатичноста и стравот полека ги напуштаат луѓето. На нивно место се појавија гнев и незадоволство. Затоа што ароганцијата на владините претставници стана неиздржлива. Полека го креваат гласот и оние што не ја сакаа минатата власт, кои очекуваа промени на општествен и економски план, а не распродавање на националните интереси на пазарот на апсурдот. Се креваат интелектуалци, новинари, професори и уметници. На 27 февруари одиме на протест за заштита на националните интереси, името и идентитетот. Ќе има и други протести, реакции, прогласи, петиции.

Нѐ очекува битка за да го зачуваме она што никој нема право да ни го одземе, нашето постоење. Сеедно што силата на изопачената моќ веќе ги има врежано своите канџи длабоко во месото на Македонија. Не се предаваме! Во меѓувреме, видов жестоки реакции за годишната програма на Министерството за култура. Не се возбудив многу. Мене преку луѓе ми порачаа да не помислам некаде да конкурирам. Ми го накршија. Мене ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт цели шест години не ми даваше проект кога конкурирав во Агенцијата за филм. Добив кога веќе и немаше кому не дале. Овие само што дојдоа, ми го одзедоа. Пак ќе повторам, ми го накршивте. Јас, бре, цел живот живеам без сопствен дом, под кирија, врзувајќи крај со крај, сум живеел и без струја среде зима и без доволно храна, заработените пари најчесто исчезнувале како враќање долгови кон пријатели, зарем мислите дека најавенава изолација ќе ме потресе? Само терајте! Ама тотално не ме интересира дали Министерството за култура ќе финансира геј-паради и трибини за тоа како веќе нема полови, а педофилите биле маргинализирана група. Што се однесува до мене, слободно можете да издавате книги за влијанието на ланскиот снег врз сунетот или компаративни анализи за влијанието на Џесика Алба врз Албанците. Сосема сум незаинтересиран. Затоа да се вратиме на она што навистина е битно. Името, идентитетот, унитарноста и Уставот на Република Македонија. Тие се ставени на отстрел. Кога тргнале хиените да ти ја растргнат суштината, навистина е далечен проблем тоа што некој копиљ пеејќи за УЧК стигнал да биде финансиран од државен буџет. Тука гори многу посериозен оган. Сатрапот од Кале и Соросовата ал каеда платеници на големо веќе почнаа да ја шират антимакедонската црна пропаганда. Бесрамно, оти се некреативни, ве лажат дека приемот во ЕУ и во НАТО ќе донесе мед и млеко. Демек, ЕУ ќе ве збогати, а НАТО ќе ве чува. Одвратни лаги. Знам дека ова постојано ви го повторувам, ама не смеете да го заборавите. Ниту ЕУ носи благосостојба, ниту НАТО носи мир. Прашајте ги Бугарите, Хрватите, Романците. А кога ќе ти го земат идентитетот, со него умира достоинството, потоа знаат дека можат да ви земат сè што ќе посакаат. Не бидете лајномакедонци.

Пишува: Александар Русјаков за Нова Македонија

Коментирај