Русјаков: Како тргнало кинесково помагање, нема да ме чуди ако ЕУ и НАТО побараат членство во Кина

0
2871

Режисерот и писател, Александар Русјаков со иронија ги коментира информациите за помош од Кина за низа држави среде пандемијата со коронавирус.

„Како тргнало кинесково помагање ширум светот, нема да ме чуди кога ЕУ и НАТО ќе побараат членство во Кина“, објави Русјаков на својот Фејсбук профил.

Оваа негова реакција е сосема логична бидејќи и двете организации кои се наши стратешки ооределби и за кои и покрај бојкотот од мнозинството македонскиот народ беше променето името на државата Македонија паднаа на тестот на солидарноста при справување со пандемијата на коронавирусот.

Ова го посочија многу релевантни политички фактори, а австрискиот канцелар Себастијан Курц упати јавна  и директна критика за недостигот на соработка меѓу државите и немањето на солидарност во ЕУ. „Гледаме дека во Европа нема солидарност кога заканата станува сериозна и тоа ќе доведе до многу дискусии по кризата“, оцени Курц.

Курц: Гледаме дека во Европа нема солидарност кога заканата станува сериозна и тоа ќе доведе до многу дискусии по кризата

Коментирај