РСБСП: Важни совети како да го управувате возилото по снежни и замрзнати коловози

0
118
Snowstorm

Возење автомобил во зимски период, особено кога има снег за голем дел од возачите преставува проблем, што и не треба да биде зачудувачки бидејќи во многу нешта се разликувауправувањето на возилото во зимски услови отколку во другите годишни времиња. Како да се стартува возилото, како да се управува  и да се кочи на снег и ледени површини, се возачки вештини кои малку  се учат во авто-школите  и единствено можат да се стекнат со искуство.

Возењето по снег, замрзнати патишта и силен ветер  и проблемите и  ризиците  со управувањето  на возилото и застанувањето на лизгав пат, ќе се сведат на минимум  доколу се почитуваат  пораките  и советите  од искусните возачи.  А тоа се:

Внимателно – побезбедно

Прво и основно правило за возење по снег е внимателност. Сите промени, без разлика дали е во прашање промена на правец или на брзината, потребно е да се прават внимателно, без брзање и со големо чувство, бидејќи наглите промени можат да доведат до губење на контролата над возилото.

Тргнување

Кога возачот ќе го исчисти автомобилот од снег и лед може да седне во него, да го стартува моторот и да тргне. Доколку пред автомобилот и гумите има многу снег потребно е истиот да се отстрани. На возачите со недоволно искуство најголем проблем им е да тргнат од местозарадиснеготкојсенаоѓаоколувозилото. Затоавоусловинаснег и мразпотребно е даседадегас, но педалата за менување на брзина треба да се испушта многу поспоро и повнимателно отколку што тоа се прави на сува површина, и на тој начин погонските тркала во целост би ја зафатиле лизгавата подлога и би можеле да го придвижите автомобилот.

Пролизгување

За возење по лизгав пат се применуваат други  техники  за разлика од управување на возилото по суви површини. Во пракса може да се почуствува дека малку поголема брзина доведува до изненадно лизгање на погонските тркала. Доколку се најдете во таква ситуација единствена помош е да ја намалите брзината, никако нагло,  туку полека и внимателно тргнете ја ногата од педалата за гас. Сопирачките  треба да се  користат само во неопходни ситуации, внимателно и постепено.

Менување на брзини  и управување со автомобилот

При менување на брзината, педалата на гас потребно е да ја испуштате многу внимателно (наглото испуштање може да го пролизга автомобилот), педалата за кумплуг да се притиска нежно, да се смени брзината, полека да се испушти педалата за кумплуг и истовремено да се додаде гас, но многу малку гас, значително помалку отколку што тоа го правите на сув пат. Важно е да знаете,  дека при промена на правец треба да се избегнува одземање или додавање на гас, бидејќи и во двата случаи може да се случи автомобилот да се пролизга.

Кочење

Во случај на поголема брзина во кривина, автомобилот по правило се обидува да го задржи правецот на движење (кој во кривина води надвор од коловозот) . Во ваков случај, најпрво што треба да направите е да ја тргнете ногата од педалата за гас и на тој начин ќе дозволите предните гуми да престанат со лизгање. Најголема грешка кај повеќето возачи е што во такви ситуации уште посилно го вртат управувачот  во кривината и панично притискаат на кочницата, а всушност треба да се прави спротивното. Кочењето е довозолено само во крајни и безизлени ситуации, а во случај автомобилот да се движи право во кривина, додатното вртење на гумите може уште повеќе да ги блокира. Кога возачот ќе ја тргне ногата од педалата за гас и ќе почувствува дека предните тркала се вртат и дека автомобилот може да се управува, потребно е повторно да сврти во правец на кривината, но никако премногу силно, туку онолку колку што е потребно.

РСБСП со апел: Внимателно и безбедно управувајте со својот автомобил и прилагодете ја брзината на условите на патот!

Коментирај