РСБСП: Младост е да сакаш да зборуваш на телефон, а лудост е тоа да го правиш додека возиш

0
338

„Младост без лудост“ е новата кампања на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата која ќе трае 6 месеци. Станува збор за една од најкреативните, најмасовните и најинтересните кампањи на РСБСП која се очекува да биде добро прифатена од најмладите кои се ризична група учесници во сообраќајот.

-Младост е да се поднапиеш, но лудост е да возиш пијан, младост е да сакаш да зборуваш на телефон, а лудост е тоа да го правиш додека возиш. Младост е да си жив и темпераментен, лудост е да возиш брзо и агресивно во сообраќајот. Младоста оправдува многу грешки, но не во сообраќајот и сообраќајните незгоди затоа што тие никогаш не простуваат, а последиците се трајни, ова се дел од пораките кои РСБСП ги праќа до сите млади учесници во сообраќајот.

444

За време на кампањата скршено возило кое е резултата на несовесно и неодговорно учество на две млади лица во сообраќајот ќе биде транспортирано до средните училишта во Р. Македонија и на други фреквентни локации каде што ќе биде изложено. Целта е да се потсетат младите кои се  последиците од непромисленото однесување.

a1

Кампањата „Младост без лудост“ ќе биде поддржана од припадниците на МВР, професорите од средните училишта, но и многу познати личности меѓу кои манекенката Катарина Ивановска, актерот Гораст Цветковски, фудбалерот Дарко Глишиќ , водителката Елена Стојановска, Мартин и Стефан од Некс Тајм.

k1

Како дел од кампањата ќе биде организирана и акција „Безбедни млади возачи“ во чии рамки ќе има наградно натпреварување во кое средношколците кои ќе покажат најдобри знаења по сообраќајните правила и прописи ќе добијат ваучер од 50 проценти попуст и целосно бесплатни ваучери за полагање на Б возачка дозвола.

Статистичките податоци покажуваат дека минатата година во Македонија 165 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои 25 лица се на возраст до 24 години. Минатата година тешко повредени биле и 2.039 млади лица на возраст до 24 години. Во просек 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 25 години.

На светско ниво секоја година околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди од кои околу 400 илјади се млади лица.

u2

Коментирај