Росоклија до Заев: Дали тоа што ти го добиваш вреди за тоа што сите го губиме?

0
3283

Горазд Росоклија, академик и универзитетоскиот професор кој живее и работи во Њујорк, САД, преку својот Фејсбук профил јавно го прозва премиерот Зоран Заев околу неговите потези поврзани со промената на името на Македонија.

„ШТО РАЗМИСЛУВАМ
(FB: what’s on your mind?)

Дали Зоран Заев седнал со некого, да му објасни до каде ја доведе Македонија со политиката која му е диктирана, а тој ја спроведува, и кој ќе биде конечниот исход за Македонија и за Македонците?

Дали тоа што тој го добива вреди за тоа што сите го губиме?“

– Фејсбук објавата на Горазд Росоклија

Коментирајќи на соговорниците во својата објава, Росоклија искажа уште неколки свои ставови поврзани со Македонскиот народ, македонскиот идентитет и со името на нашата татковина, Македонија.

„Навредливите зборови ја празнат личната фрустрација но не водат кон решавање на ниту еден проблем. 300.000 гласаа Зоран Заев да е премиер. Дијалогот со премиерот е дијалог со нив“.

„Молчењето не е од страв. Молчењето е од незаинтересираност. Имањето сопствена држава и постоењето како Македонци, на многумина им нема значење. Таквите постепено сфаќаат дека македонската држава и македонската нација не се само апстракција, само име, туку се суштина на нивната егзистенција. Тоа што следи не е „промена на името“, туку е бришење на македонскиот идентите, национален идентитет. Немање македонска нација, поставува прашање кои сме ние Македонците во Македонија и следи нов договор со Албанците, а тој нов договор после федерализацијава која е во тек, значи мирна или после инциденти поделба на земјата. Со наплив на 150.000 избеглици оваа година, ќе дојде до промена на етничкиот состав на населението и поделбата на земјата меѓу Албанија и Бугарија, многумина ќе ја видат како спас бидејќи припојувањето кон Бугарија (црквата веќе го направи тоа) ќе ни овозможи да бидеме мнозинство како словенска популација и како христијани, не како вера туку како културно наследство. Не знам колкумина ја гледаат оваа иднина и не знам дали Зоран Заев ја има големава слика пред себе, или исполнува наметнати задачи, ден за ден, без да види каде не доведе и каде не води“.

„Ништо не може да избрише еден народ од негово постоење. Не не избришале кога сме немале универзитети, ниту образувани Македонци во македонски институции и така натаму, сигурно нема д ане избришат сега. Но ова што го прави власта со поддршка на опозицијата, не враќа многу назад и ќе ни биде потребно време и многу памет да ги решиме од власта креираните проблеми“.

Коментирај