Роналдињо на мака: Му го одземаа пасошот и му забранија да го напушта Бразил!

0
105

Врховниот суд на Бразил ја потврди одлуката на понискиот суд да му го одзеде пасошот на поранешниот бразилски играч и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо.

На Роналдињо исто така му е забрането да ја напушта земјата додека не заврши судската постапка против него врз основа на “криминална активност против животната средина”.

Роналдињо беше осуден да плати 2,1 милион долари парична казна, а бидејќи не го стори тоа, во ноември минатата година, нискиот суд му го одзеде пасошот.

Прославениот играч беше осуден поради тоа што без дозвола од Министерството за заштита на животната средина изградил платформа за закотвување на чамци и риболов на реката Гваиба во Порто Алегре.

Коментирај