Ројтерс во 2024 година: Горномакедонија е на само четири, евентуално пет години до членство во ЕУ

1
995

Ројтерс, 3 февруари 2024 година (Скопје, Горномакедонија) – Република Горномакедонија, мала држава без излез на море која се наоѓа на Балканот, е оддалечена само „4 до 5 години“ до членство во ЕУ, изјави претседателката на ЕУ Федерика Могерини за време на нејзината денешна средба со Зоран Заев, кој веќе влезе во осмата година како горномакедонски премиер. „Потребни се повеќе реформи и треба Владата на Горномакедонија да стори повеќе да ги охрабри своите граѓани, особено тие што ги користат социјалните медиуми, да престанат со ширење на иредентистички пораки кон Грција и Бугарија. Како добри Европејци кои веруваат во добрососедски односи, вашите шанси за влез во ЕУ се намалуват кога ваши граѓани инсистираат да се нарекуваат ‘Македонци’ и нивната убава горномакедонска земја ја нарекуваат според нејзиното поранешно име“, изјави Могерини.

И покрај тоа што некогашната „Република Македонија“ во 2018 година постигна договор со Грција за промена на името, идентитетот, јазикот и многу други аспекти, Грција продолжи да го блокира приемот на Горномакедонија во ЕУ поради иредентизмот што е распространет кај многу Горномакедонци. Анкетите покажуваат дека големо мнозинство од етничките Горномакедонци се уште себеси се нарекуваат по старо, како „Македонци“ и нивниот идентитет, јазик, црква и култура сепак ги нарекуваат „македонски“. Ова предизвика тензии меѓу Владата на Горномакедонија и мнозинството на нејзините граѓани. Секогаш кога некој граѓанин од приватниот сектор, медиумите (особено социјалните медиуми), црквата, од образовните институции, спортот или било кој друг аспект на животот се нарекуваат себеси, својот јазик, култура или црква како „македонски“, тоа создава непосакувани кризи со добрососедските земји Грција и Бугарија.

Менувањето на името, идентитетот, црквата, јазикот и културата на оваа држава не беше лесно. Беше потребен дводецениски здружен напор на ЕУ, САД и НАТО, како и на многумина од горномакедонската интелигенција, да се принудат Горномакедонците да го прифатат нивното ново име и идентитет. Многумина Горномакедонци сметаат дека референдумот со кој беше одобрена оваа промена на името и идентитетот беше наместен, но сепак Владата на Горномакедонија инсистира дека тој бил „слободен и фер“, а тоа го потврди и набљудувачката мисија на ОДИХР (се изговара оу диар). Некои Горномакедонци сметаат дека е нелогично и сомнително тоа што имаше 2,3 милиони гласачи во земја со само 2,1 милиони жители. Собранието исто така го одобри менувањето на Уставот кое беше основно барање на Грција кога 20 членови на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ загинаа во онаа трагична сообраќајна несреќа пред самото гласање.

Горномакедонија стана членка на НАТО во 2019 година (Грција тогаш конечно го ратификуваше приемот на земјата во Алијансата откако доби уште неколку отстапки, конкретно со промена на интернет домејнот од .мк во .гмка). Министерот за надворешни работи на Горномакедонија Павле Богоевски неодамна се осврна на состојбата во земјата на следниов начин: „Сега, по приемот во НАТО, се е прекрасно, сите се среќни, се е супер. Љубов, мир, еднорози, мачиња, кученциња, бомбончиња“.

Претседателот на Горномакедонија Радмила Шекеринска, во последната година од нејзиниот прв петгодишен мандат, изјави дека „ептен, ептен ни се исплатеше тоа што г сменивме нашето име и идентитет и влеговме во НАТО, а наскоро, се надевам, ќе влеземе и во ЕУ. Името и идентитетот, како и полот, се флуидни, и всушност и не е многу важно како се викаме, тоа може да се смени зависно од тоа на која нога сме станале утринава. Многу поважно е што сега имаме многу поголем избор на производи во продавниците и можеме да одиме на шопинг и тоа не прави среќни. Членството во НАТО ни пружи гаранции против Русите и Кинезите, а ја зголеми нашата куповна моќ. Точно е дека со тоа дојде и зголемен долг, но оа е ОК, бидејќи долгот едноставно ќе им го оставиме на идните генерации. Апсолутно, ептен, ептен е скроз прекрасно како граѓаните во нашата убава Република Горномакедонија себеси се нарекуваат со старото име, но ова сепак е 21 век, и крајно време да се однесуваат соодветно“, додаде Шекеринска. Шекеринска беше избрана во 2019 година, со помош на 98 проценти од горномакедонските Албанци на кои им вети федерализација. Останува дебатата колку точно етнички Албанци живеат во Горномакедонија – некои велат дека бројката изнесува 18 проценти од населението, но според други извори, особено албанските извори, ги има до 75 проценти. Никој не знае како точно стојат работите бидејќи последниот попис беше пред 22 години, во 2002.

Во меѓувреме, по приемот во НАТО потрошувачкиот долг на земјата се зголеми на 250 проценти од економијата, а долгот на Владата е на 120 проценти од БДП, делумно поради намалувањето на туризмот и колапсот на странските инвестиции кои заминаа откако Владата престана да ја промовира Горномакедонија како инвестициска дестинација и ги зголеми даноците. Невработеноста исто така почна да расте, но како што вели НВО активистот Сашо Орданоски, „членството во НАТО сепак, на крајот на краиштата, еден убав ден, можеби, кој да знае, по ѓаволите, ќе донесе некакви придобивки“.


Во извештајот придонесоа колегите од Софија, Атина и Тирана

Забелешка од авторот: Се надевам дека разбравте дека овој текст е измислица. Нели?

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

1 Коментар

Коментирај