Родила син, го крстила, но цело време знаела дека нешто не е во ред: Не ни сонувала што ќе се случи по 5 месеци

0
2304

Кога Меделиша Хискок забременила по втор пат, таа и нејзиниот сопруг едвај чекале да го дознаат полот на бебето. На првиот ултразвук докторите мислеле дека е девојче, а после два ултразвука биле сигурни во тоа. Маделиша веднаш знаела дека ќе се вика Мекензи, но она што се случило за пет месеци не можела ни да го сонува.

На четвртиот ултразвук докторите рекле дека бебето е машко, што секако не ја намалило возбудата кај родителите.

Кога бебето се родило докторите потврдиле дека е машко, и Маделиша одлучила да го крсти Кенет.

Но, родителите цело време претчувствувале дека нешто не е во ред со бебето па отишле на доктор. Тогаш ја дознале шокантната вистина.

Нивното бебе е всушност девојче, кое е родено со ретко пореметување кое се нарекува когенитална адренална хиперплазија, состојба поради која телото произведува премногу машки хормони.

Маделиша и нејзиниот сопруг одлучиле да го прекрстат бебето во Мекензи и денес таа расте во преслатко девојче.

Извор: република.мк

Коментирај