Ристески до Заев: Прашајте го градоначалникот дали гради зграда и хотел во Прилеп?

0
226

Човекот кој од ден во ден ја пустоши и распродава Македонија го посети Прилеп. Зоран Заев, човекот кој со мегаломански лаги купуваше гласови од прилепчани, е во посета на градот кој благодарение на него и неговите локални функционери уназадува во секој поглед – истакна на вчерашната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во Прилеп е Зоран Заев, премиерот кој го промени името на државата, распродаде идентитет и историја, ветувајќи сигурна европска перспектива. И додека лажеше дека Европа ќе ни даде датум за преговори, во Собранието си протна Закон со европско знаменце за опојни дроги, сакајќи веројатно да ги зајакне фамилијарните бизниси за одгледување на марихуана. Кога веќе сте тука прошетајте наоколу и уверете се дека Прилеп полека, но сигурно изумира. Прилеп се враќа во времето кога вашите сопартијци го оставија со цела армија невработени луѓе – рече Ристески.

Понатаму тој истакна дека ништо подoбро не е ниту денеска, и дека неспособна власт не донела ниту една нова инвестиција, не отворила ниту едно работно место и не создала ниту еден капитален проект.

Дојдовте во градот во кој вашите непотисти направија пустош, градот кој секојдневно се празни и останува без млади луѓе, без доктори, без перспектива… Дојдовте по патот чија изградба стагнира откако сте на власт и за кој државата веројатно ќе плаќа милионски оштети поради вашата неспособност. Мизерните 7,7% реализација на капитални инвестиции од општина Прилеп и уште полошо, катастрофалните 28% на вашата Влада, си го направија своето.

Тие кои ве пречекаа градат мовчиња за 500.000 евра, купуваат 4 автобуси за 1 милион евра, граѓаните ги газат со ароганција и се однесуваат како градот да е нивна лична сопственост.

Еве кога сте тука, прашајте го градоначалникот до каде е реализицијата на неговите изборни ветувања, прашајте го зошто на прилепчани им ги покачи сметките за вода за 60%, иако им ветуваше за 20% пониски. Прашајте го како исти фирми градат насекаде? Дали иста фирма гради зграда кај медицинското училиште и хотел во градскиот пазар? Прашајте го Јованоски дали тој има лична релација со оваа фирма? Наместо граѓаните да ги замајувате со нови бескорисни ветувања и да им ветувате одново нов живот, наредете се еден до еден пред Градскиот саат, местото од каде ја најавивте двојазичноста, и дадете си колективна оставка.

Прилепчани ќе ви бидат благодарни!- истакна Ристески на прес конференцијата, по повод посетата на Зоран Заев на Прилеп.

Коментирај