Римски Рубин – најскапиот вид на овошје во светот

0
578

Во Јапонија постои и се одгледува ова овошје наречено „Римски Рубин“.

На Јапонците им биле потребни 14 години труд за да ја одгледаат најскапата сорта на грозје во светот.

Грозјето е толку скапо што едно негово зрно се продава по цена од 30 долари. Зрното може да достигне раст на големина колку пинг-понг топче, а некогаш и поголемо.

„Римски Рубин“ грозјето е пуштено во продажба во август 2008 година по цена од 910 долари за 700 грама или 30 долари по зрно. Титулата за најскапо грозје на светот оваа сорта ја доби по аукцијата на кое беше продадено за неверојатни 6.400 долари. „Римскиот Рубин“ го сруши рекордот за најскапа сорта на светот уште во 2008та година и сеуште го држи првото место.

Секое зрно од ова грозје тежи по 20 грама, специфично е по богатата боја на цреша, има одлично избалансиран сладок и освежителен вкус и содржи шеќери до 18%. Цената на еден грозд од ова грозје е 255 долари.

„Вкусот на виното од ова грозје е неверојатен. Најдоброто вино на светот“.

Изјавил јапонскиот министер за полјоделство – Хирофуми Ису.

Извор:hybread

Коментирај