Рикер: Имавме искрен и пријателски разговор со Мицкоски (ВИДЕО)

0
1296

В.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер оствари средба со лидерот на макеоднската опозиција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Само неколку часа пред да се случи средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција на која го обзнани предлог Законот за обвинитеелство на ВМРО-ДПМНЕ и деталите од законот кој го предложува опозицијата.

Рикер како и по средбата со Заев порача да не се играат играчки, односно што побрзо да се најде решение за Законот за обвинитеелство бидејќи како што вели тој од овој закон зависи европската перспектива на државата. Тој посочи дека САД и натаму ја поддржува европската перспектива на земјава и ќе сторат се за таа да стане реалност но некои работи како што е Законот за обвинитeeлство зависат од политичките чинители во државава. Тој не одговараше на новинарски прашања.

Мицкоски по средбата со Рикер: Потребни се реформи и бескомпромисна борба против корупцијата

Коментирај