РФМ го честиташе успехот на Вардар

0
521

Ракометната федерација на Македонија упати честитки до новиот европски првак Вардар кој вчеравечер во финалето од Лигата на шампионите го победи ПСЖ со 24:23.

– Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки до најтрофејниот македонски ракометен клуб кој успеа да ни го донесе најелитното европско ракометно злато! Големи и срдечни честитки за Вардарци кои испишуваат историја во македонскиот ракомет!

Единствениот дебитант на теренот во Келн им одржа лекција за борбеност, истрајност, силен тимски дух и единство во составот, на веќе одомаќинетите екипи од спротивната страна на голот.

Чест и задоволство беше од трибините на “Ланксес арената” да се бодрат момците предводени од големиот Раул Гонзалес, кои го вложија секој атом од силите за да ни го овозможат овој историски успех и да ни го донесат најпосакуваниот ракометен трофеј на стариот континент.

Им благодариме!
НАПРЕД ВАРДАР!, се вели во честитката од РФМ.

Коментирај