Револуционерна вакцина која се верува дека може да го излечи ракот

0
633
A doctor giving a child an injection

Многумина од нас биле погодени или познаваат некој кој бил погоден од трагедија, предизвикана од една од најопасните болести на денешницата-ракот. Можноста да се излечи оваа сурова болест со вакцина, е многу поедноставна и помалку болна, отколку бројни хемотерапии.

Оваа вакцина која им е веќе дадена на двајца луѓе, е развиена во Велика Британија. Едниот од нив е 35 годишната Кели Потер.На Кели и е дијагностициран напреден и брзо растечки канцер на грлото на матката. Според нејзе, да се биде дел од овој проект и го сменил животот на подобро, и ја истакнува нејзината воодушевеност од тоа да се биде дел од вакво истражување.
Планот е да бидат тестирани вкупно 30 пациенти во наредните 2 години.

Во врска со вакцината
Таа моментално им се дава на пациентите заедно со мала доза на хемотерапија. Се верува дека оваа комбинација ги убива зафатените клетки, и дека ја подобрува работата на имунолошкиот систем. Луѓето кои го водат истражувањето, велат дека оваа вакцина може да се користи кај различни видови на тумори, и спроведуваат испитувања за да видат дали е безбедна за употреба кај пациенти со рак во краен стадиум.

Како функционираат вакцините
Вакцината против рак, функционира на истиот принцип како и другите вакцини кои ни се на нам познати, кои се користат за да не заштитат од одредени инфекции. Вакцините функционираат така што му помогаат на имунолошкиот систем да создаде имунитет на болеста. Телото учи да ја препознае болеста, па така следниот пат кога болеста ќе проба да го запоседне нашето тело, имунолошкиот систем ќе биде подготвен да се справи со неа.

Во нормални услови, нашиот имунолошки систем не заштитува од канцер, така што ги уништува заболените клетки. Но, понекогаш тој ги “промашува“ овие клетки. Кога инфицираните клетки не се уништени, тие се развиваат и го прават имунолошкиот систем помалку ефективен. Канцерот навлага во коскената срж, а во коскената срж се создаваат крвните зрнца кои помагаат во борбата против инфекциите.

 

Науката позади новата вакцина
Новата вакцина, е дизајнирана да го користи имунолошкиот систем на телото за да ги напаѓа и уништува инфицираните клетки. Постои ензим кој е пронајден во канцерогените клетки, а е вклучен во поделбата на истите клетки.
Овој ензим е наречен: „human telomerase reverse transccriptase“- (HTERT).
Новата вакцина е направена од мали фрагменти од овој ензим. Идејата е, со вбризгување на овие ензими во телото на пациентот, неговиот имунолошки систем ќе може да ги произведе антителата кои го таргетираат овој ензим, што ќе помогне во уништувањето на канцерогените клетки.

Ако испитувањата се покажат како успешни, оваа чудотворна вакцина ќе помогне во борбата против едно од најголемите зла на денешницата, и ќе им даде надеж на многу кои се носители на оваа болест.

Коментирај