Рецепти за убавина со рицинусово масло

0
414

Кога станува збор за природни масла првото нешто на кои се сеќаваме и ги користиме се маслиновото масло, маслото од кокос и какао. Но, исто така, не треба да се потцени рицинусовото масло, кое има многу корисни својства. Погледнете ги 3-те начини на кои можете да го користите.

1. Поголема коса
Рицинусовото масло содржи омега-6 и омега-9 масни киселини кои се користат за потхранување на косата. Исто така рицинусовото масло е ефикасно во лекувањето на првутот, бидејќи има антибактериски и антифунгални својства. Ставете рицинусово масло на прстите и масирајте го скалпот за да ја стимулирате циркулација на крвта и растот на косата.

2. Погусти веѓи и трепки
Во последните години, густите веѓи се модерни, но не секој од нас може да се пофали со таква природа. За да ги стимулирате природно, нанесете малку рицинусово масло на чиста четка и нанесете го на веѓите. Повторувајте ја оваа постапка најмалку 2 недели. На ист начин, исто така можете да го стимулирате и растот на трепките.

3. Мелем за усни
Во постудените месеци, нашите усни се склони кон сушење и пукање, така што им е потребна дополнителна нега. Хидратантските својства во рицинусовото масло се идеални за ова. Ставете неколку капки од маслото на усните наутро и навечер за да ги направите помеки.

Коментирај