Рецепти за разубавување

0
86

Секоја жена знае барем десетина трикови, домашни рецепти или тајни од баба за разубавување. Но, секогаш е добро да се знае по нешто плус. Ви откриваме трикови кои не ги знаете, а ќе направат чудо од вашите ритуали за разубавување и нега на кожата и косата.

Затоплете го регенераторот во микробранова печка 15 секунди. Топлината ги отвора фоликулите на влакната и овозможува регенераторот да делува подлабоко. Истото важи и за лосионот за тело. Топлиот лосион ќе ги отвори порите на кожата и тој ќе се впие во кожата подобро и побрзо.

Елиминирајте ги темните кругови околу очите кои ви предизвикуваат страв кога ќе се погледнете во огледало. Завиткајте изрендан компир во газа и наутро ставете го врз очите бидејќи компирите содржат ензим којшто на природен начин ја осветлува кожата.

Ставете маскара прво на долните трепки, а потоа продолжете на горните. Ова е најдобар начин за нанесување на маскара за да не ги „извалкате“ очните капаци. Зошто? При нанесувањето на маскара на долните трепки, потребно е да го насочите погледот нагоре, а во таков случај ако прво сте ставиле маскара на горните трепки и не е досушена, може да си направите црни ресички кои ќе ви ја расипат шминката на капаците.

Најбрзиот начин да го прикриете заморот е да ги обелите белките на очите со помош на молив за очи во месо боја. Оцртајте ги внатрешните рабови на очите и веднаш ќе добиете свеж и буден изглед.

Ако поради некоја причина кожата на лицето ви е зацрвенета, потопете овесни снегулки во вода и направете фина паста. Нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15 минути за да ви се намали црвенилото. Веќе сте подготвени за нанесување на крем и пудра. Доколку пак, имате повеќе време, намачкајте го лицето со масло од невен и оставете го да делува неколку часа.

Коментирај