Рецепт за неделен ручек: Сочно пилешко во сос од рендан компир

0
382

Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне.

Потребни состојки:

1kg пилешко месо по желба
100 g лук
700 g компири
3 јајца
200 ml млеко
250 g брашно
200 g павлака
10 ml масло
Вегета, бибер и црвен пипер по желба

Подготовка:

Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни.

Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер.

Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко.

Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути.

Послужете додека е топло.

Коментирај