Рецепт: Тајната за сладолед како во слаткарница

0
417

Во пресрет на топлите денови исполнети главно со мнооогу сладолед, javno.mk ви ја открива тајната за сладолед како од слаткарница.

Што треба да се знае за сладоледот?

За да ви биде сладоледот како оној од слаткарница мора да се придржувате на некои правила. Во замена на професионалниот уред од слаткарница е следната саламура (солило) која ќе го замени апаратот за сладолед, како и начинот на кој се приготвува сладоледот со нејзина помош.

Потребно е 1kg мраз, 300gr сол за готвење и малку вода.

Мразот се дроби, се додава солта и водата и сето тоа се чува во длабок сад во фрижидерот. Садот со солило треба да е поголем од садот во кој ќе го приготвувате сладоледот.

Кога сладоледот е готов и кога добро ќе се излади во фрижидерот, се става садот со сладолед во садот со солилото и се мати со миксер уште 15-20 минути. Сладоледот е готов за послужување и треба да се врати во замрзнувачот до следното сервирање. Tajna za sladoled kako od slatkarnica

NB! Во замрзнувач го оставаме само садот со сладолед, солилото веќе не ни е потребно. 😉

Коментирај