Ретко видено: Навивачи на два противнички тима направија заедничка кореографија

0
362

На натпреварот помеѓу Шалке и Нирнберг беа видени седум погодоци (5:2), но и нешто што ретко може да се види во навивачкиот свет.

Имено, навивачите на Нирнберг и Шалке одамна се во пријателски односи и овој натпревар го искористија да направат заедничка кореографија.

Така, зад едниот гол беше направен грбот на Шалке, а зад другиот на Нирнберг и кореографиите беа поврзани со преостанатите две трибини што изгледаше навистина спектакуларно.

Инаку, навивачите на двата тима заеднички ги надоместија трошоците за оваа кореографија, во која беше вложено 22.240 евра.

Извор: sportski.mk

Коментирај