Решете ја задачата и проверете: Ова е знак дека имате висок IQ

0
361

Студијата спроведена во Рочестер открила како едноставно да го проверите IQ на некоја личност со многу кратка визуелна задача.

Изненадувачки едноставната вежба ја мери несвесната способност на мозокот да филтрира визуелни движења. Студијата покажала дека поединци со подобар мозок во автоматското препознавање на позадински движена постигнуваат поголеми резултати на тестовите за интелигенција.

Задачата на испитаниците е да утврдат во која насока се движат црните и белите шипки. А испитаниците потоа решавале и стандардизиран тест за проверка на IQ.

Се покажало дека личностите кои постигнуваат подобри резултати на IQ тестот, подобро ги воочуваат движењата на помалите делови. Но, истите тие послабо ги забележувале движењата на големите шипки. Пример за тоа е, додека одиме или возиме автомобил, позадината е секогаш во движење.

„Интелигенцијата е многу широка конструкција, па и не може да се поврзи само со еден дел од мозокот. Но оваа задача е мноу едноставна и врзана со IQ, може да ни даде траги што го прави мозокот поефикасен“, објаснува д-р Дује Тадин.

Извор: Таратур.ком

Коментирај