Републиката во пламен: Активни пожари на 12 локации

0
437

Центарот за управување со кризи на веб страницата објави информација за активните пожари на отворено до 13 часот во која соопшти дека во државата имало активни пожари на 12 локации.

Во скопскиот регион пожари се регистрирани во месноста Љуботенски бачила за каде е побарано ангажирање на авиони за гаснење на пожар кој зафатил поголема површина на нискостеблеста дабова шума.

Пожар има во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево има активен пожар кој зафатил и дел од пругата и кај манастирот Св. Богородица – Матка.

Во битолски регион, активен е пожарот кај селата Прељубје и Покрвеник.

Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан, на местото викано Кале се движи кон село Отешево, а опожарени се околу 70 хектари.

Ограничено е гасењето од земја од причина , што има остатоци од експлозивни средства од Првата светска војна.

Во тетовскиот регион, се уште е активен пожарот кај с.Лакавица, општина Желино.

Активен пожар има во атарот на село Рамне охридско, во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека.

Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума..

Во велешкиот регион, активен пожар има во атар на с. Црешнево

Во кумановскиот регион, во моментов има активен пожар во Општина Липково во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре.

Коментирај