Ременски: Советниците немаат право да дебатираат за програмата на владата за доселување на мигрантите

0
603

Според пратеничката на СДСМ Фросина Ременски советниците во општините немаат право да дискутираат и да дебатираат за Стратегијата за трајно доселување на мигранти во Македонија, а која е поддржана од Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во дебатата во отвореното студио на ТВ Нова, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев ја запраша Ременски, доколку советниците немаат право да дискутираат за оваа стратегија, тогаш кој има.

-Значи советниците немаат право да дискутираат за Стратегијата? Советниците во Битола, Неготино, во Аеродром, Кисела Вода немаат право за ова да се изјаснат? Па кој да има право да дискутира и да се изјасни во име на општините? Вашите владини организации, твитерџиите?, праша Ѓорчев.

Инаку, во текот на дебатата Ременски премолчено потврди дека ја подржува Стратегијата за масовно трајно населување на огромен број мигранти во нашата држава.

Според Ѓорчев пак, Македонија треба да остане она што е во моментов, транзитна земја на мигрантите.

Коментирај