Ременски: Резултатите од првиот круг претседателски избори се казна за СДСМ и коалицијата поради неиспорачи проекти

0
456

Можеме секако да ги толкуваме резултатите, и како казна и како опомена и како повик за отрезнување, но и како повик за подобрување и секако највеќе како повик за посветено работење и динамизирање на сите наши ветувања до граѓаните кои се одвиваат со бавна динамика, изјави на Топ тема на ТВ Телма пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.

Таа рече дека СДСМ може да ги бара причините, но во овој период граѓаните не сакаат да слушаат оправдувања за доцнењето на одредени прашања. Во однос на “метлата” која што ја најави премиерот Заев, таа рече дека метлата е најавена од многу поодамна, но не е реализирана во периодот во кој највеќе се очекувало.

Чистката, според Ременски се очекува на локално ниво, но и на ниво на централната власт поради неиспорачани проекти.

Коментирај