Ременски и Мандиќ осомничени во „Рекет“

0
2892

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски е осомничена во „Рекет“ дознава НОВА од извори во истрагата. Таа е опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама, во делот на исплатата на средства за наводната изградба на старечки домови на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Како што се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство, „едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, соопшти обвинителството.

Ременски беше почесен претседател на Меѓународниот сојуз на чија сметка легнале парите. Покрај Ременски, со оваа истрага е опфатена и Јасна Мандиќ заменик претседател на Меѓународниот сојуз, дознава НОВА.

megjunaroden-sojuz-boki-13-2-640x477

Во текот на денот се очекува новите осомничени да дадат исказ пред судија на претходна постапка. Обвинителството бара притвор за едно лице од новоосомничените, а за другите мерки на претпазливост.

Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и струшкиот Ардијан Амзоски кои уплатиле 719.000 односно 233.000 евра на сметката на Меѓународниот сојуз веќе дадоа исказ кај Русковска.

Извор: република.мк

Коментирај