Реисот Сулејман Реџепи: Ако не помогнете на ИВЗ, ќе ги повлечам повиците за заштита од пандемијата (ВИДЕО)

0
416

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до Владата дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош.

Тој ова го вели во гостување на емисија на верска организација, пренесува „Газета лајм“.

Реџепи вели дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат нивниот дел од помошта. Тој додава дека досега немаат одговор од владата.

– Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата, рекол Реџепи.

Коментирај