Регулирајте го крвниот притисок

0
498
Doctor measuring blood pressure - studio shot on white background

Високиот крвен притисок или хипертензијата се смета за виновник за голем број на срцеви и мозочни удари, како и откажување на работата на бубрезите.

Докторите советуваат дека доколку имате крвен притисок повисок од 140/90, треба да избегнувате премногу солена храна, и да ја збогатите исхраната со здрави зачини и билки.

Исто така треба да се избегнува и кофеинот, а доколку сте љубител на кафе, тогаш најдобро е да го пиете она без кофеин. Иако, црнато чоколадо содржи кофеин слично како и кафето, сепак ескпертите препорачуваат негово редовно конзумирање. Имено, бројни истражувања покажале дека црното чоколадо е доста ефикасно во намалувањето на крвниот притисок, а причината за тоа се флавонолите кои ги содржи црното чоколадо, а кои што крвните садови ги прават доста еластични. Обрнете внимание на тоа чоколадата што ја јадете да содржи најмалку 70 % какао.

Овошјето и зеленчукот богати со калиум исто така помагаат во регулацијата на крвниот притисок. Намирници богари со калиум се: компирот, доматот, портокалот, банаите, грашокот, гравот, дињата, како и сувото овошје како што се сувите сливи и сувото грозје.

Едно американско истражување открило дека ако ги замените јаглехидратите со намирници кои што се богати со соини или млечни протеини, ќе го регулирате крвниот притисок.

Експертите советуваат дека за намалување на крвниот притисок добро е да пиете и чај од хибискус по неколку пати на ден поради фитохемикалиите кои ги содржи, и јагоди и боровници кои успешно го намалуваат притисокот.

Коментирај