Со неверојатен рефлекс си го спаси синчето (ВИДЕО)

0
219

Безбедносните камери во Колумбија снимија неверојатен рефлекс на мајка , која си го спаси синчето од пад од четвртиот кат на зграда.

Снимката на градежната компанија Монсерат од колумбискиот град Меделин покажува мајка која со синчето излегува од лифт. Додека мајката чека некого да и отвори врата, малото детенце тргнува кон скалите и ја става раката на она што мисли дека е стаклена ограда.

Во истиот момент ја губи рамнотежата и почнува да паѓа , но мајката , која како да зборува на мобилен , наеднаш се фрла и го грабнува малото детенце. вработените во градежната компанија притрчале на помош , но за среќа мајката успеала да го зграпчи детенцето и да го врати на безбено место.

Снимката,  стана вирална и предизвика поделени коментари во целиот свет од пофалби зa рефлексот на мајката до критики зашто зборувала на телефон , а не внимавала на детето.

Извор: Канал 5

Коментирај