Редица автобуси на „Партизанска“: СДСМ донесе луѓе од сите градови за да не доживее уште еден дебакл (ФОТО+ВИДЕО)

0
888

Преполни автобуси денеска од сите градови пристигнаа во Скопје по повод митингот на СДСМ во Скопје.

Откако СДСМ доби шамар од скопјани и не доби поддршка од народот партијата мораше да носи симпатизери и членови на партијата од цела Македонија.

Автобусите во моментов се паркирани долж булеварот партизански одреди во Скопје, а тие се со регистарски таблички со речиси од сите градови на државата.

Со членови и симпатизери од цела Македонија СДСМ ќе бара влез во европската унија и НАТО среде Скопје и пред скопјани кои се против промена на името.

Инаку утрово се појавија и фотографии како партиски членови делат сендвичи во Делчево при тргнувањето за Скопје.

Коментирај