Реал спреми понуда за Де Геа: Ќе може ли Јунајтед да го одбие ова?

0
147
MANCHESTER, ENGLAND - SEPTEMBER 17: David De Gea of Manchester United celebrates his sides second goal during the Premier League match between Manchester United and Everton at Old Trafford on September 17, 2017 in Manchester, England. (Photo by Alex Livesey/Getty Images)

Шампионот на Европа, Реал Мадрид ќе се обиде да го направи Де Геа најскапо платениот голман во историјата на фудбалот, бидејќи подготви понуда од 113 милиони евра за трансфер од Манчестер Јунајтед.

Доколку работата се реализира, Шпанецот би бил платен двојно повеќе од досегашниот рекорд на Буфон кој во 2001. година се пресели од Парма во Јувентус за 53 милиони.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез со години се обидува да го доведе Де Геа од Манчестер, во еден обид недостасуваа само минути околу документите во финишот на трансфер периодот, а сега повторно се обнови интересот, пренесува „Manchester Evening News“.

Манчестер нема намера да се откаже од 27-годишниот голман, но Де Геа со години има намера да се врати во Мадрид, каде што со голем успех го бранеше голот на Атлетико.

Едно е сигурно, статусот на сегашниот прв голман на Реал, Кејлор Навас не е сигурен како додека беше тренер Зинедин Зидан и сега се бара замена за него.

Извор: sportski.mk

loading...

Коментирај