Реал оваа недела носи три засилувања, а најголемото во следните неколку часа!

0
128

Понеделникот што измина го означи почетокот на општата мобилизација во канцелариите на Сантијаго Бернабеу. Најпопуларниот шпански весник кој е многу близок до Реал, вели дека тоа е затоа што Реал се очекува до крајот на оваа недела да донесе три играчи со кои Зинедин Зидан ќе го гради тимот.

Сезоната за Реал почна многу рано, бидејќи по катастрофалната 2018/19, многу пред почетокот на следната, сака да има дефиниран тим, пред се во смисла на засилувања.

“Тој сака неговите нови играчи да ги остават своите глави чисти да се релаксираат, а на подготовките почнувајќи од 8 јули, да бидат опуштени и подготвени за предизвиците”.

Марка укажува дека новите ѕвезди меѓу кои и најголемата е најочекуваниот Еден Азар. Преговорите за неговиот трансфер може да бидат решени “во следните неколку часа”.

Челзи ќе добие оштета од 115 милиони евра, а уште 15 од бонуси.

Блиску до реализација на трансфер во Реал е Ферланд Менди, играчот на Лион.

Договорот помеѓу клубовите и обештетувањето од 40 милиони евра и непознат износ на бонуси беше постигнат минатата недела кога Јуни Калафат и Хозе Ангел Санчез, првите оперативци на Реал, беа во Франција.

И потписот на Лука Јовиќ е во завршна финална фаза. Тој е најкомплицираната операција од тројцата, бидејќи Ајнтрахт беше упорен од почетокот на преговорите и не сакаше да се откаже од него за сума помала од 70 милиони евра.

Сепак на крајот ќе добие помеѓу 65 и 70 милиони евра. Таквиот став на Ајнтрахт беше поради одличната сезона на дефанзивецот, но и желбата дека го сакаа и Баерн и Барселона. Марка укажува дека Реал и Јовиќ веќе се договориле.

За потсетување, Реал веќе ги потпишал Милитао и Родриго за вкупно 95 милиони евра.

Коментирај