Реакција на СДСМ за ставовите на Груевски изнесени во јавноста

0
835

Граѓанска и единствена Македонија чекори кон подобра иднина за сите, и ниту една лага на Никола Груевски тоа нема да го спречи, се наведува во реакцијата на СДСМ.

– Македонија наскоро ќе добие влада на граѓаните. Промените се случуваат, граѓанска, единствена и слободна Македонија оди напред и тоа никој не може да го спречи. Никола груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси. Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија. Лагите на обвинетиот Груевски за наводни редефенирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа. Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски. На граѓаните на Македонија им е јасно дека под закана се само привилегиите на Груевски и фамилијата, се вели во реакцијата.

Коментирај