Реакција на СДСМ на годишното обраќање на претседателот Иванов

0
664

Ѓорге Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад. Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за се ќе има одговорност, се наведува во реакцијата на СДСМ на годишното обраќање на претседателот на државата.

– Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон СЈО, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски, стои во соопштението.

Според СДСМ, граѓаните препознале  како што велат, дека овие несериозни политичари, ги загрозиле државните и националните интереси и сакаат изолација на Македонија за спас на криминалците.

– Затоа излегоа масовно на изборите и во огромно мнозинство порачаа дека сакаат нова одговорна Влада, институции на граѓаните и живот, посочуваат од СДСМ.

Коментирај