Разузнавачот се разочарал во СЈО: Заев мирно спие, го замолчал Верушевски

0
1226

Секако дека е точно дека материјалите му се предадени на господинот Верушевски како што кажаа Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие формално правно се предадени на СДСМ, а се примени преку господинот Верушевски.

Зоран Верушевски е мој советник за национална безбедност и јас со него како и со сите мои советници сум во постојана комуникација, изјави денеска премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање за тоа од каде тој знае дека на следното сведочење на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ Верушевски ќе ги разјасни работите што се отворија во јавноста на претходното негово сведочење. Заев рече дека Верушевски сѐ му објаснил и сега нему му е јасно зошто Верушевски дал таква изјава.

Во комункација сум со него, затоа реков дека на второто рочиште со очекуваните прашања ќе бидат појасни и неговите ставови. Мене ми е јасно, ми објасни, дел сум од тој период и апсолутно ми е јасно. Секако дека е точно дека материјалите му се предадени на господинот Верушевски како што кажаа Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие формално правно се предадени на СДСМ, а се примени преку господинот Верушевски, а јас тогаш веќе бев лидер на СДСМ, посочи премиерот.

Изјавата на Верушевски дека бомбите претрпеле „страотни модификации и компромитирање“, Заев ја поврза со разочаранста  што некој го вовлекувал СЈО во „Рекет”,  како и истекувањето  на „бомбите” како случајот со Ел Чека.

Поради разочараноста дека некој го злоупотребил СЈО во случајот „Рекет“, дека се појавил Ел Чека, не знам што, тој го кажува делот со модицифираноста и компромитираноста на самите материјали. Да потенцирам ниту еден од обвинетите во предмети на СЈО не ја оспорува автентичноста на материјалите, дури и форензиката ја потврди автентичноста, рече премиерот.

Заев додаде дека треба да се остават процесите да течат, сведоците да сведочат, обвинетите да си ја градат својата одбрана.

Заев претходно и порача на јавноста да почека и да го ислуша второто сведочење на Верушевски во вкрстеното испрашување кое ќе се одржи на следното рочиште за овој предмет и рече дека тогаш се ќе биде појасно. На прашање од новинар, како знае што Верушевски ќе каже на следното рочиште, Заев рече дека Верушевски и понатаму е негов советник за национална безбедност.

Дали оваа изјава на премиерот е, сепак, потврда на шпекулациите дека Заев го средил Верушевски и ја обезбедил неговата лојалност, ќе покаже токму второто рочиште на кое треба да сведочи поранешниот разунавач и актуелен советник за безбедност на премерот.

Дали Заев најде начин од Њујорк да го замолчи Верушевски?

Извор: република.мк

Коментирај