Разузнавачката служба на Организацијата

0
560

Разузнавачката служба на ВМРО дејствувала од 1925 година, но официјално била основана во 1926 година како помошно тело на Внатрешната револуционерна организација.

Во јануари ЦК на ВМРО разгледал детален проект, изработен од Александар Протогеров и одлучил да се создаде на постојана разузнавачка служба. По тој повод е испратена инструкција до Генералниот секретар на револуционерните окрузи на ВМРО, Задграничното претставништво, раководствата на ММТРО и ММС. Во упатствата било истакнато дека во иднина најважната служба во организацијата ќе биде разузнавањето. Разузнавањето на ВМРО ги следело контрачетите на Здружението против бугарските бандити и Грчко-македонската тупаница. Предмет на разузнавачката активност биле српските и грчките училишта. Особено внимание разузнавањето посветило на ренегати и на колонистите. На ММТРО му била поставена задача да ги изучува и анализира сите средства што се употребувале за денационализиране на македонското население. Задграничното претставаништво според упатствата, треабало да следи и да се спротивстави на српското и грчкото разузнавање главно во Бугарија. За таа цел тој располага со својот тајна полиција. Од втората половина на 1926 година, почнува да излегува Разузнавачки билтен на ВМРО, кој давал со информации пропагандниот фронт на ВМРО во Бугарија и во странство.

За главни разузнавачи во Битолскиот револуционерен округ биле назначени: Битолска околија – Александар Ефтимов, Прилепска – Тодор Адамов, Ресенско – Никола Миљовски, Охридска – Христо Чорбев, Струшка – Христо Миладинов, Крушевска – Васил Клисаров, Кичевска – Силко Цветков, Дебарска – Гиче Лазаров, Кичевска – Тасе Димитров, за Леринско – Иван Трајков, за Костурско – Дамјан Илиев и Кр. Љачев, за Преспа – Герман Петров, за Демирхисарско и Смилево – Тасе Дељов и Алексо Стефанов.

Коментирај