Разбојништво во Скопје: Ограбил казино и се заклучил во него

0
321

Полицијата во Скопје упасила разбојник, кој по грабежот останал заклучен во казиното што го ограбил, информираше МВР.

Станува збор за Т.Б.(33) против кого ќе биде поднесена кривична пријава за разбојништво.

Според полицијата, неуспешното разбојништво се случило вчера во 6.15 часот во казино на улицата Ангел Динев. Тогаш Т.Б. влегол во просторијата каде што била вработената Д.М., па откако и се заканил од касата зел околу 50.000 денари. Тој 30.000 фрлил кон вработената, а 20.000 денари задржал за себе.

Вработената успеала да излезе од просторијата, а лицето останало внатре и вратата сама се заклучила. Во меѓувреме дошла полицијата и го уапсила крадецот.

Коментирај