Распродаден саботниот концерт на Жељко Јоксимовиќ

0
328

Концертите на 1, 2 и на 3 декември ќе бидат сосема поинакви од оној историскиот на „Филип Втори“

Од македонскиот организатор на целиот овој проект на Жељко Јоксимовиќ, кој е наречен „Двасвета“, „Прагма продукција“, велат дека воопшто не се изненадени од реакцијата на публиката затоа што по пуштањето во етер на првата песна, влезниците почнале да се продаваат со голема брзина.

„Два света“ е едно сосема поинакво издание на Жељко Јоксимовиќ. Џез-варијанти на фолк, поп, рок, па и стари народни песни, во придружба на 40 музичари од Биг бендот на МРТ на сцена. Премиерата на „Два света“ почнува од скопска адреса и продолжува кон останатите градови од регионот. Она што е впечатливо и вредно за споменување е дека на сите овие концерти и комплетна поддршка во проектов е македонски диригент.

Јоксимовиќ во јуни 2014 година беше првиот и засега единствен пејач кој успеа да ја наполни Националната арена „Филип Втори“.

Статистиката тогаш велеше дека собра повеќе од 70.000 публика, а насловните страници, пак, раскажуваа за најголемиот концерт во дотогашната кариера на Јоксимовиќ.

Концертите на 1, 2 и на 3 декември, ќе бидат сосема поинакви од оној историскиот на „Филип Втори“. Новогодишен концерт со џез-манири и со повеќе од 40 музичари на сцена, Јоксимовиќ ќе донесе нова предновогодишна приказна во Скопје.

Ќе ги врзува единствено квалитетот, односно звукот и продукцијата за која ќе се погрижи самиот тој. Цената на влезниците ќе се движи од 1.200 до 3.000 денари. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути.

Коментирај