Распитот заврши, Русковска бара притвор за Ристовски и Јанакиевски

0
545

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека распитот на поранешните министри од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е завршен. Според нејзината изјава се чека одлуката на судија во претходна постапка, по барањето на обвинителството за нивен притвор.

Според Русковска истакна постои опасност од бегство на двајцата поранешни функционери. Тие, смета Русковска може да влјаат и врз сведоци и да ја попречуваат истрагата.

Обвинителката посочи дека поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, се повикал на пратеничкиот имунитет и така заминал од судот.

Извор:Република

Коментирај