Рамос: Среќен сум поради головите, ќе бидам уште посреќен ако Барселона испадне

0
564

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели дека му е мило поради тоа што со два гола против Наполи го слави 100. меч во Лигата на шампионите.

Тој на почетокот на второто полувреме по удар со глава најпро изедначи, а потоа уште еднаш го совлада голамнот на Наполи и одново по удар со глава при што имаше помош и од Мертенс кој малку го смени правецот на топката.

– Го играв 100. натпревар во Лигата на шампионите и сакав да прославам со гол. На почетокот не беше се како што посакувавме, но подоцна ја пронајдовме победничка формула и беше полесно. Понекогаш работите не одат како што сакаш, што беше случај и во првиот дел, но јас сум среќен што на крајот ние победивме, рече Рамос.

Тој се осврна и на вечерашниот реванш на „Камп Ноу“од пресметката меѓу Барселона и ПСЖ кој во Шпанија носи предност од 4:0 остварена во Париз.

– Ќе бидам посреќен ако Барселона загуби. Во тој случај ќе имам полесен сон, изјави Рамос во свој стил.

Покрај Реал, синоќа во четвртфиналето од ЛШ се пласира и Баерн Минхен кој со вкупни 10:2 го елиминира Арсенал.

Коментирај