Ракометарките на чекор до бараж за Мундијал, утре во 20 часот го играат последниот натпревар

0
204

Ракометарките на Македонија се на чекор до пласман во баражот за Светското првенство во 2019 во Јапонија, откако во решавачкиот втор натпревар од квалификациите славеа убедлива победа над Исланд со 29-21.

По триумфот против аутсајдерот Азербејџан во првото коло, избраничките на селекторот Симе Симовски покажаа дисциплина, борбеност и сигурна игра до крај и во пресметката со многу посилната репрезентација на Исланд.

Сигурната игра во одбраната и рационалноста во нападот на македонската репрезентација и донесе сигурни шест гола предност во првото полувреме (16:10), а потоа истата знаеше да ја зачува до крајот на натпреварот.

Македонија има максимални четири бода по првите две кола на квалификацискиот турнир во Скопје и се издвои на првата позиција во групата. Во последниот натпревар утре, македонските ракометарки играат со селекцијата на Турција и се очекува со уште една победа да го заверат првото место и пласманот во јунскиот бараж за СП 2019.

Коментирај