Рахиќ: Немало никаков напад врз Боки 13, седум месеци го чуваме како мало бебе

0
808

Директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Есад Рахиќ вели дека немало никаков напад врз Бојан Јовановски од страна на вработените во затворот.

До мене стигна само информација дека утрово бил малку нервозен и не сакал да му се стават лисици кога требало да биде спроведен во судот, веројатно тоа е причината што така изјавил, изјавил Рахиќ за „Република“.

Рахиќ објасни и според протоколот на Јовановски, сепак, морало да му бидат ставени лисици на рацете. Директорот на затворот додаде и дека во последните седум месеци го чувале како мало бебе и дека нема шанса некој од таму да му направил било што.

Јовановски пред почетокот на денешното судење за „Рекет“ на самиот влез од судницата им се пожали на новинарите дека бил нападнат од затворските службеници во истражниот затвор во Шутка.

Денеска треба да се слушаат приватни разговори меѓу Боки и Кичеец, но најверојатно судијката ќе ги исклучи новинарите.

Коментирај