Работно место: Нинџа, плата: 73.000 евра годишно – заинтересирани?

0
1404

Ако имате интерес да смените работно место, или да најдете работа, а ви се работи како професионален нинџа, трениран во Јапонија со оружје какво што нинџите навистина користеле – еве ја шансата за вас.

Еден мал град во Јапонија има недостиг од ваков тип на „работна сила“ и бара луѓе, кои за оваа работа ќе бидат платени 73.000 евра годишно.

Единствен предизвик е да се убедите да ја проучите добро филозофијата на нинџите и да научите боречки вештини.

Во градот Ига, кој се смета за родно место на нинџите, секоја година доаѓаат многу туристи за да го посетат традиционалниот фестивал на нинџи. Но, поради намалување на популацијата во ова мало гратче, фестивалот е загрозен и граѓаните се исплашени дали ќе се одржи традицијата за идните генерации.

Фестивалот се одржува секоја година кон крајот на април и почетокот не мај и е потег за зачувување на традицијата, но и начин за привлекување на туристи со презентирање на историјата на нинџите.

Извор: taratur.mk

Коментирај