Работници од „Веибо“ го блокираа патот Крива Паланка – Куманово поради неисплатените плати

0
47

Патот  Крива Паланка – Куманово кај населба Грамаѓе е блокиран во двата правца од околу 50 работници во фабриката „Веибо“ поради неисплатени плата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради неисплатени плати работници од „Веибо“ и минатата недела го блокираа патот Крива Паланка – Куманово.

Инаку, откако на почеток на декември месец беа отуштени околу 100 работници, а од почетокот на месецов без работа останаа и останатите 210 работници во текстилната фирма, основана со турски капитал.

Ова покажува дека владејачката СДСМ ја враќа Македонија во времето на транзицијата кога секојдневно се затвораа фабрики, а стотици илјади граѓани останаа без основни средства за живот.

Коментирај