Работничките права заборавени , работникот живее се потешко !

0
185

Во очи на Меѓународниот ден на трудот 1Мај кој се празнува во Македонија се помалку граѓани имаат доволно примања за достоинствен живот и заштитени работнички права.

Имено, скоро 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека синдикатите не се повеќе со работниците него служат како превезок на Власта и на големите компании. Пред да дојде на власт СДСМ ветуваше дека ќе ги зајакне работничките права но тоа воопшто не се случи. Така голем дел од работниците во Македонија и воопшто не си ги знаат своите права бидејќи не се добро информирани но исто така и немаат начин како да ги остварат . Лани Премиерот Зоран Заев при честитање на Меѓународниот ден на трудот даде ветувања за вреднување на трудот на работникот и заштита на неговите права но работниците се се повеќе експлоатирани од сопствениците и газдите.

Понатаму, дека работникот и граѓанинот е заборавен зборува и фактот што трошоците за живот континуирано растат додека платите стагнираат. Имено, според анализата на “Finance Think„на едно четиричлено семејство составено од двајца родители кои примаат просечни плати му фали 100 евра за да ги задоволат основните потреби за живеење во месецот.

Така, според последните податоци на синдикатите потрошувачката кошница достигнала над 500 евра односно 32. 852 денари што значи дека овие семејства што ги заработуваат овие пари можат да покријат само 74 % од основните месечни трошоци.

Според анализата македонските граѓани трошат 73 % од своите примања за храна и пијалаци додека најсиромашните семејства трошат скоро 77 % од парите на овие категории ,додека во европските земји процентот кој го трошат европските граѓаните на храна и пијалаци е само 19 %..

Експертите велат дека голем проблем тоа што 20 % од вработените во земјава дел од примањата ги добиваат дел на сметка дел а дел на рака. На овој начин оштетени се вработените заради износот на придонеси кој е потенцијална идна пензија затоа што колку е повисоко примањето денес толку и пензијата би била во иднина поголема. Од друга страна пак велат тие дека се оштетува и државата заради евазијата на данок.

Додатно , Владата постојано кажува дека ќе ја покачи просечната плата но последните информации на Државниот завод за статистика кажуваат дека нето платата во февруари изнесувала 24.192 денари што е за 300 денари помала во однос на претходниот месец.

Владата ветуваше дека ќе ја намали сиромаштијата и дека ќе ја качи минималната плата на 500 евра но ниту едно од ветувањата што ги даде не ги исполни. Исто така Владата пред да дојде на власт кажа дека ќе ја јакнее средната класа но мерките и во овој правец изостанаа.

Експертите сметаат и дека зголемувањето на даноците воопшто нема да влијае позитивно врз стандардот на работникот но исто така и врз целокупната економија поради фактот дека прогресивен данок се воведува во општества и економии кои се развиени со што граѓаните имаат повисоки примања и прогресивниот данок би опфатил поголем дел од населението со што би имало некаков ефект. Во економија со население кое живее на работ на сиромаштијата прогресивниот данок и да нема некоја голема ефективност на буџетот и напротив ќе има негативни последици врз индустриите кои продуцираат повисоки примања односно селење на капиталот и селење на работоспособното население во земји каде данокот е низок.

Сировата реалност е дека работникот во Македонија живее се потешко и едвај врзува крај со крај. Владата не ги испорача реформите кои ги ветуваше за заштита на работниците, зголемување на платите и за јакнење на средната класа.

Коментирај