Путин: Задачата на Русија во Сирија е искоренување на тероризмот

0
618

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека задача на неговата земја во Сирија е да ја зачува, како што кажа, легитимната власт во државата и да го искорени тероризмот.

– Немаме планови да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Наша задача е да ја стабилизираме легитимната власт во земјата и да му зададеме удар на меѓународниот тероризам, рече Путин.

ТАСС пренесува дека рускиот претседател ова го изјави на средбата со воените раководители од Северната флота.

– Доколку побрзо се отвори политичкото решение внатре во Сирија, ќе имаме повеќе шанси со меѓународната заедница да и зададем конечен удар на терористичката куга на сириска територија, рече Путин.

Тој изрази надеж во успехот на преговорите за Сирија што денеска почнуваат во Женева, додавајќи  дека Русија и меѓународната заедница се заинтересирани да го победат тероризмот во Сирија.

-Нема и не треба да се мешаме во внатрешните работи на Сирија, заклучи Путин.

Коментирај