Путин ќе учествува на 68. конгрес на ФИФА

0
153

Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе учествува на 68. конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА), кој ќе се одржи утре.

Исто така тој ќе биде дел и од ВИП-публиката на гала-концертот, кој ќе се одржи на Црвениот плоштад во чест на Светското првенство, кое почнува во четврток.

Ова беше најавено од прес-службата на Кремљ.

– На 13 јуни Владимир Путин ќе учествува во работата на 68. конгрес на ФИФА, кој ќе се одржи во Експоцентарот, ден пред стартот на Светското првенство во фудбал. Вечерта на Црвениот плоштад, Владимир Путин ќе посети гала-концерт на ѕвездите од светската оперска сцена, кој е посветен и организиран пред почетокот на Светското првенство, се вели во соопштението.

На концертот ќе учествуваат најголемите имиња од руската и европската оперска сцена.

loading...

Коментирај