Психологија на боите: Што говори вашата омилена боја за вас?

0
368

Постои психолошка причина позади сè што сакаме или не сакаме во нашиот живот, а омилените бои не се исклучок. Вашата омилена боја говори многу за вашиот карактер.

Сина – вие сте смирена личност која многу размислува, но и личност на која луѓето можат да се потпрат и да и веруваат. Вие сте многу грижливи за блиските луѓе. Како морето и океанот, вие делувате силни и самоуверени, но под вашата површина се крие цело богатство. Под својата површина вие сте ранлива и бурна личност. Во вашиот живот тежнеете кон хармонија и мир.

Црвена – Вие сте храбра и гласна личност, која е полна со енергија. Вие сакате авантури, спонтаност и имате огромна желба за работи кои ви го зголемуваат адреналинот. Вие сте страствена, амбициозна и многу компетитивна личност. Исто така, сакате да бидете центар на внимание и не се срамите да ја искористите секоја можност за да заблескате. Го живеете својот живот во целост.

Зелена – вие сте практични, лојални и постојани. Копнеете по стабилност и баланс и сте љубезна и многу дарежлива личност со длабоки мисли и чувства. Како и природата, вие се зближувате со луѓето без да се трудите премногу. На тој начин, на другите им давате спокој и сте обожавани и сакани од многумина.

Црна – вие сте личност со силна волја и цврста детерминираност. Сакате моќ и престиж и не се плашите да го побарате тоа што го сакате. Се карактеризирате со енигма и шарм и често можете да делувате страшно за вашите колеги и пријатели поради вашата огромна моќ. Понекогаш се однесувате како да имате премногу барања за останатите, но покажувате и одредени карактеристики на диктатор, а често не оставате многу простор за нови луѓе во вашиот живот. Но, како и вашата омилена боја, вие сте безвременски и софистицирани бидејќи никогаш не излегувате надвор од стилот.colouring_pencils

Бела – вие сте едноставна и многу смирена личност. Имате позитивен карактер и сте големи оптимисти за животот и иднината. Луѓето сакаат да бидат околу вас бидејќи ширите среќа, каде и да се појавите. Сепак, вие сакате смиреност, спокој и мир и не сте подготвени за многу авантури и ризици. Вие сте индивидуалисти и често сте си самодоволни самите на себеси.

Кафена – вие сте смирена, собрана и често студена личност која тежнее за стабилност и комфор. Лојални сте, чесни и скромни. Вие сте одличен пријател, добар родител и совршен љубовен партнер. Работите напорно, но имате и слатка страна која им ја покажувате само на оние кои вистински ќе ве запознаат.

Жолта – вие сте љубопитна личност, која обожава да учи нови нешта. Секогаш барате среќа и самоисполнување. Сакате да ги разведрувате луѓето околу вас, дури и кога самите вие не сте премногу среќни. Интелигентни сте и многу фокусирани на нештата кои ве интересираат. Знаете како да живеете добар живот и секогаш имате храбар лик и се обидувате да ги скриете своите тешкотии, тогаш кога постојат.

Розева – вие сте срцето на сите бои. Вие сте љубезни, чувствителни, топли и ги сакате луѓето. Сакате секогаш да давате повеќе отколку што добивате од другите. Многу сте сензуални и чувствителни и имате идеалистички стандарди. Понекогаш се карактеризирате со наивност како на мало дете, што ги тера другите околу вас уште повеќе да ве сакаат поради тоа.

Виолетова – вие сте уникатна и интуитивна личност со уметничка душа. Често сте заинтересирани за спиритуалност и за подлабоко значење во вашиот живот. Вие сте многу активни со слободен дух и секогаш се трудите да ги копнеете тајните на животот. Сакате да ги набљудувате и анализирате нештата во вашиот живот. Визионери сте и одлично го оценувате туѓиот карактер. Понекогаш можете да бидете нерасположени поради долгите анализи во вашата глава и поради тоа што многу длабоко ги чувствувате и размислувате нештата во вашиот живот, но другите го знаат тоа веќе за вас.

 

Коментирај