Првпат освоена „Морача“: ЖРК Вардар со голема победа против Будуќност

0
613
Ракометарките на ЖРК Вардар ја постигнаа првата победа против Будуќност во Лигата на шампионите. Вечерва во Подгорица „вардарки“ го победија Будуќност со 31:28 (16:16) во рамките на 1.коло од втората фаза од Лигата на шампионите.
Во првиот дел македонскиот првак имаше водство кое Будуќност успеа на полувреме да го анулира. Во финишот вториот дел ЖРК Вардар го презеде водство кое успеа да го одржи до крајот на натпреварот.
Најефикасна на натпреварот беше Кристина Неагу од Будуќност со 10 голови, а кај ЖРК Вардар најпрецизни беа Андреа Пенезиќ со 8 голови и Андреа Лекиќ со 7.
На другите дуели од групата 1 Турнигер – Астраханочка 34:22 и Мец – ФТЦ 25:28.
Табела: Вардар 9 бодови, ФТЦ 7, Будуќност 6, Мец 4, Турингер 4, Астраханочка 0

Коментирај