Први удари од ураганот Флоренс: 160.000 луѓе останаа без струја, бројот се очекува да порасне на неколку милиони (ВИДЕО)

0
211

Како што беше најавен најсилниот ураган можеби и во историјата, пристигна во Северна и Јужна Каролина.

Најмалку 160.000 луѓе останаа без струја во Северна Каролина, каде ураганот уште не ни удрил со полна сила. Се очекува без струја да останат милиони луѓе, а обновата би можела да трае со недели.

Флоренс преставува закана за околу 10 милиони луѓе, додеа милиони веќе се евакуирани, а има и голем застој на автопатите кон запад.

Најмалку 12 илјади луѓе побарале сместување во вкупно 126 места наменети за тоа. Вонредна состојба е прогласена во државите Џорџија, Јужна и Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд и Вашингтон.

И покрај предупредувањата на властите, дел од жителите одбиле да ги прифатат повиците за евакуација, а некои дури и сурфаа.

Коментирај