Првата рунда за Силјановска Давкова после првата недела од кампањата

0
349

Првата недела од изборната кампања за претседателската кампања од која дел се тројца кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река ја одбележа првиот телевизиски дуел.

Впечатокот следен, Пендаровски го елиминараше правото, Силјановска Давкова со правни образложенија посебно за Преспанскиот договор што беше во фокусот на дебатата. Или Пендаровски слушаше лекции од Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова со аргументи објаснуваше како може да се дојде до оспорување на делови на Преспанскиот договор, а Пендаровски правото го остави на страна. Кога Силјановска зборуваше за Преспанскиот договор и рече дека тој завршува со тн. вечна клаузува која вели дека е непроменлив, непроменливоста е политички чин, а не правен, Пендаросвки рече: „Ова е ново, не го имам слушнато“. Дебатата помина во стилот професор – ученик или објаснувањата на Силјановска Давкова, Пендаровски ги слушаше како ученик.

Силјановска Давкова објасни многу нешта. Таа укажа дека „во меѓународното право името е неразделен дел од државно правниот субјективитет или правото на самоопределување го вклучува правото на име, знаме, химна, устав“.

-Основен постулат во меѓународното право е симетричноста на договарачите, а не асиметричноста како што е случај со Препанскиот договор. Живеме во ера во која зборуваме за Обединети нации како рамноправни членки и темелот е тука, и  се инсистира на јус когенс или меѓународното задолжително право, а тука се правото на самоопределување и немашање во внатрешни работи, иако има и други постулати, рече Силјановска Давкова.

Таа и потсети дека и договори меѓу САД и Кина се повлекуваат, потоа меѓу САД и ЕУ и како што рече сето тоа повикувајќи се на меѓународното задолжително право. Оттука поосочи таа „може да се оспорат и делови од Преспанскиот договор“.

Пендаровски пак во дебата акцент стави на меѓународната политиката и меѓународното опкружување.

-Без помош од меѓународните фактори и не можевме да го постигнеме Договорот, рече Пендаровски велејќи дека ги почитува сите правни авторитети и објаснувањето на Силјановска Давкова.

 

НЕИНТОНИРАЊЕ ХИМНА, УНИФОРМИ

И посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше дел од првата недела на кампањата. Навидум со сите почести, но детално со значајни пропусти. Суштината често е во детлите. Не се интонираше македонската химна. Прво, причина за Владата беше доцнењето на авионот на Ципрас, за потоа во гостување на 1тв, премиерот Заев каже дека проблем е името Република Македонија на униформите на оркестарот. Дека е така се покажа веќе следниот ден на учеството на повеќе оркестри по повод денот на НАТО, на униформите на македонскиот воен оркестар го немаше називот Република Македонија.

Што рече премиерот на 1тв? На прашањето дали причина било тоа што наводно на униформите на оркестарот пишувало Република Македонија, Заев рече: „Можеби тоа било причина, и ако е тоа прична ќе го средиме. Треба да пишува Република Северна Македонија“. На ова следеше и прашањето дека тој  оркестар има надлежни, Заев со одговор „има и министер за одбрана“.

СТЕВО = ЗОРАН

На една од трибините кандидатот за претседател Пендаровски рече дека доколку тој е на трибина не треба да биде и лидерот на СДСМ и премиер, Заев зошто имале исти ставови.

И Заев по некој ден одговарајќи на новинарски прашања рече: „Јас сум и претседател на СДСМ, и секако имаме право да имаме своја определба и став. Јас сум еден од двигателите на левицата и од владиното мнозинство. Соодветно на Уставот и законите во нашата земја направивме избор на кандидат зад кој стоиме. Стојам отворено, чесно и јавно за целиот концепт на Стево Пендаровски и зад Пендаровски затоа што не само што е мое право, туку е и моја обврска и должност да поддржам концепт и кандидат на овие избори“.

За еднаквоста на Пендаровски и Заев  од ВМРО – ДПМНЕ со став „Стево Пендаровски и Зоран Заев се исти 102.5 проценти“.

-Секое ветување на Стево Пендаровски е лага. Исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага. Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев  кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за  внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102.5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев.  Зоран Заев јавно ветуваше и се колнеше, за по само неколку месеци да направи се спротивно на тоа што првично го ветуваше, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПУКНА ТИКВАТА?

Кандидатот за претседател СДСМ прво ќе го избираше на конвенција, а потоа го договорија лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Заев. И да имаше Конвенција на СДСМ, ама на неа само се потврди изборот или договорот на Заев и Ахмети. Кандидатот за претседател кој својата кандидатура ја поднесе до СДСМ, дипломатот Ѓорги Филипов сите го заборавија, како да не поднесе кандидатура, како да не постоела кандидатурата.

Но, од ДУИ на Конвенцијата ги снема. Ако Пендаровски е заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ, нели треба да биде и заедничка Конвенција, потоа на истата Ахеми и Заев да седат заедно, или некој друг од раководството на ДУИ. Но, Конвенцијата беше само на СДСМ, без ДУИ на вистинското или потребното место ако Пендаровски им е заеднички кандидат. Ситуација за која човек, кој барем малку е запознаен со политиката и ги следи случувањата, може да помисли – пукнала тиквата меѓу СДСМ и ДУИ и тоа на почеток на кампања.

ЗАЕВ СО СИДРО ОДИ НАПРЕД?!

Но Конвенцијата не заврши само без ДУИ, туку и со многу гафови. Вообичаено нешто кога Заев е во прашање.

И така на Конвенцијата Заев со сидротргна напред, наместо со едро. Гаф, незнаење или ….?! Премногу, што и да се – гафови или незнаење, за еден премиер на држава, партиски лидер.

Што рече Заев на Конвенцијата?

На Конвенција на СДСМ во спортската арена Борис Трајковски говорејќи за претседателскиот кандидат Пендаровски, Заев рече дека треба дасе постави сидро што ќе влече напред.

-Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо, рече Заев.

ЗА СТЕВО НЕМА КАЗНИ ОД ПОЛИЦИЈА

На една од средбите Пендаровски пред грѓаните кажа дека за него нема казни, познат бил човекот?!

-Еве да бидеме отворени до крај, ако мене ме запре полицаец сега на улица со поголема брзина од дозволената, мислите дека ќе ме казни. Не нема, зашто затоа што ме знае од телевизија, можеби ќе ме казни полицаецот ако е од ВМРО-ДПМНЕ, рече Пендаровски.

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА СО ЦЕЛ

Кандидатката Гордана Силјановска Давкова во првата недела со јасни ставови, кампања со цел.

Зошто јасни ставови? На дуелот со Пендаровски многу јасно кажа што може да прави претседател за подобра позиција на меѓународната сцена, а што не. Од друга страна, меѓудругото младите се во нејзинит фокус. Речиси не поминува ден без, без разлика дали е пиење кафе во некое нивно омилено кафуле, прошетка, средба во градовите.

Зошто јасна цел? Не ги заборава граѓаните, не ги двои или како што вели граѓани гласаат на изборите. Така таа се срерна и со претставници од Сојузот на Македонците од Егејот, се сретна со занаетчиите, со оние вешти луѓе кои прават нешто уникатно, а кои се соочуваат сониза на проблеми во текот на работата. Нивните проблеми, за нивното секојдневие слушна од претсравници од Занаетчиска комора,од посетата на нивните дуќани низ Старата  турска чаршија.

Остануваат уште неполни две недели кампања и многу работа. Но, граѓаните паметат што правеле кандидатите и претходно во текот на нивниот живот и нивните јавни настапи, колку граѓаните, државата, меѓународната позиција на Македонија им се важни.

Коментирај