Прва брачна расправија: Иста си како мајка ти!

0
530
Young couple arguing

Партнерство е секогаш игра на двајца и секако дека постојат несогласувања и караници што воопшто не претставуваат нешто необично.

Кога се уште не сте во брак пак, многу е лесно кога по 2-3 дена не се гледате со партнерот а и не му се јавувате бидејќи држите лутина, но кога сте во брак тоа е невозможно. Во иста просторија јадете и спиете, делите заеднички живот.
Често се случува за време на караница да покажете агресија, дури може и да сте груби во изразување кон партнерот. Во вакви ситуации бидете внимателни со зборовите, бидејќи како што велат, изговорениот збор не се враќа назад.
Споделуваме пет реченици кои според партнерите треба да одбегнувате да ги изговарате за време на брачна караница.

Ист/иста си како мајката ти/татко ти!

Кога сакате да повредите некого нема потреба тоа да го правите вклучувајќи членови од семејството. Почитта кон семејството на партнерот е основна работа на која треба да останете доследни. Сите ние за нешто им замеруваме на своите родители. Но, тоа не значи дека треба да го искористите тој момент и да направите некој да се чувствува непријатно. Особено ова е битно за жената. Драги мажи, во караница никогаш не ја навредувајте фамилијата на жената, таа е особено емотивна кога нејзината фамилија е во прашање.

За се си ти крив/а!

Наместо за секоја работа да се обвинувате или да го барате виновникот, седнете и решете го проблемот кој постојано е околу вас. Несфатливо е зошто партнерите одбегнуваат да разговараат а сакаат за било што да се расправаат. Смирете го тонот со кој се обраќате, најдете го проблемот и разговарајте. Не постои ситуација која не може да биде решена со разговор. Ова не го изумувајте.

Не сум лут/а!

Тотална бесмислица. Се што ви пречи треба да чувствувате слобода да го кажете пред партнерот. На крај на денот сепак имате заеднички особини и сфаќања штм сте дошле до степен да остварите брак. Караниците најчесто настануваат кога еден од партнерите одбегнува да разговара за одредена тема или проблем, или пак, кога и двајцата го прават тоа. А и сами знаете, кога сте во брак и кога сте лути за нешто, и го премолчувате, на вас останува кога повторно ќе проговорите со партнерот. Сигурно не сакате да се доведете во ситуација сами со себе да се расправате. Тоа би било смешно.

Сакам развод!

Најлошата работа што може да ја изговорите за време на лутина и бес е токму оваа. Па замислете ако сите се разведуваа само поради некоја мала ситница. Бракот не е исто како и врската на дечко и девојка. Бракот е сериозна врска што веќе има споено две личности што веруваат дека се подготвени на тоа. Затоа, кога и да се расправате за било што исклучете ја оваа помисла. Бидете свесни дека и самата помисла на ова може да предизвика и поголеми проблеми и да влијае во понатамошните случувања на брачниот живот.

Она што треба да го запомните во брак е дека: Мажот никогаш не треба да ги повреди емоциите на жената. Жената никогаш не треба да го повреди егото на мажот. Кога овие две работи ќе ги надминете почитта секогаш ќе биде на прво место во вашиот живот.

Извор:hybread.mk

Коментирај